• сабота, 28 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 22 јуни 2024 (МИА) - Денеска (22.06.2024) во 02.40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.С.(32) од Штип затоа што околу 01.40 часот во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите татко, брат и снаа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.     

На 21.06.2024 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари извршиле службен разговор со А.М.(55) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал и со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода Е.К.(34) од Република Албанија во врска со претходна кривична пријава за кражба. Тој бил спроведен во Полициската станица Дебар, по што бил изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Дебар, кој  донел решение и му изрекол мерка протерување на странец од државата во трајност од шест месеци.

На 21.06.2024 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле А.Д.(49) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал во домот на неговата 83-годишна на подрачјето на Кисела Вода и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Џ.Б.(22) и А.Б.(21), двајцата од с.Поум, струшко, поради сомнение дека околу 18.30 часот во с.Поум физички го нападнале З.Н.(29) од с.Делогожда, струшко, при што употребиле метален предмет и му го оштетиле возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2024 во 11.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле службен разговор со А.Ќ.(24) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.06.2024 околу 20.00 часот во казино на подрачјето на Центар во Скопје агресивно се однесувал и оштетил дел од инвентарот во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2024 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.С.(32) од Штип затоа што околу 18.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26 – годишна партнерка од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2024 во 10.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле службен разговор со А.И.(29), П.А.(26) и Б.И.(27), сите од Скопје, поради сомнение дека на 15.06.2024 околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале Н.Б.(27) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Денеска (22.06.2024) во 00.05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари извршиле службен разговор со С.Ф.(28) од Скопје поради сомнение дека на 21.06.2024 околу 14.20 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, агресивно се однесувал и се заканувал на неговиот сосед И.И. од Скопје. 

На 21.06.2024 во 16.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров  го привеле лицето А.Н.(42) од Скопје затоа што во Полициската станица Ѓорче Петров, каде дошол да пријави настан, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Денеска (22.06.2024) во 03.00 часот во Полициската станица Струга, А.Ф.(29) од с.Велешта, струшко, пријавил дека околу 01.30 часот во угостителски објкет во Струга бил физички нападнат од Д.Х. од с.Велешта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.06.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје, Ф.С.(20) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.06.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ без знаци на живот бил донесен Е.Д.(35) од Скопје. Според изјавата на неговиот татко, на Е.Д. му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 21.06.2024 во 10.10 часот во ОВР Гостивар, П.Ѓ.(69) од Скопје пријавил дека во село Тресонче, неговата сопруга Е.С.Г. била касната од куче скитник, додека неговото куче – домашен миленик било усмртено од истото куче скитник. 

На 21.06.2024 во 14.20 часот во Полицската станица Прилеп, Л.М.(33) од Прилеп пријавил дека на ул. „Трајко Тарцан“ во Прилеп бил каснат од куче скитник. миа/миа/

фото: МИА

Остани поврзан