• петок, 22 ноември 2024

Приведени дебрани кај кои е пронајдена марихуана

Приведени дебрани кај кои е пронајдена марихуана

Дебар, 27 септември 2024 (МИА) - Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи привеле две момчиња од Дебар,  откако кај нив пронашле марихуана.

- Вчеравечер во 19 часот лишени од слобода се А.Ц.(19)и Ј.К.(19), двајцата од Дебар. При преглед на патничко моторно возило  „Пежо“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувале, извршен на пресекот на улиците „Јусуф Грвала“ и “Мојси Големи“ во Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со опојна дрога марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Дополнително, при преглед кај А.Ц. пронајдена и одземена е пакување со марихуана. 

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/сст/

 

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан