Пронајдена граната од Првата светска војна во општина Дојран
- Гранатата е подигната денеска од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.
Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Граната од Првата светска војна била пронајдена во општина Дојран.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, вчера во 18 часот во Полициското одделение - Нов Дојран, Б.А., 53-годишник од село Сретеново, општина Дојран, пријавил дека во близина на неговото дворно место, пронашол граната.
- Гранатата е подигната денеска од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, при што е утврдено дека се работи за артилериска граната калибар 100 милиметри, што потекнува од Првата светска војна, соопштија од МВР. бд/дма/
Фото: МИА архива