• петок, 22 ноември 2024
МВР Билтен

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Вчера во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво". Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Во текот на вчерашниот ден околу 22.45 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Кавадарци, а управувано од Р.Р. од Кавадарци. При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра. Исто така, одземена е и возачката картичка.  

Денеска во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.М.(35) од Скопје, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 01.35 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Д.О.(25) од с.Ерџелија, светиниколско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2024 во 18.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(37) од Струмица затоа што кај него пронајдена марихуана. За настан бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода К.Л.(37) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2024 во 07.00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.Б.(47) од Валандово. Тој бил затекнат додека полевал стебла марихуана. Од него биле одземени стеблата и предметите со кои ги полевал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.09.2024 во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Д.(29) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.05.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

На 27.09.2024  околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, пред с.Виничани, општина Градско, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(22), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Е.К.(22), двајцата од Крушево, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

На 27.09.2024 околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(27) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.07.2024 во близина на угостителски објект во Кичево, полициски службеници извршиле преглед кај едно лице, при што бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот.

На 27.09.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Центар, Г.Н.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“  во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 24.06.2024 во Ресен, пријавениот агресивно се однесувал кон комунален инспектор и со нож му упатувал закани.    

На 27.09.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, И.Ј.(19) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната одкуче скитник.

На 27.09.2024 во 19.55 часот во Полициската станица Аеродром, И.Д.(40) од Скопје пријавила дека на бул.„Асном“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.  ра/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан