• петок, 22 ноември 2024

Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор

Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) – Полициски службеници од ОВР Гостивар, во текот на вчерашниот ден привеле лице од Прилеп кое било барано со потерница за издржување на тригодишна казна затвор.

Како што соопштуваат од МВР, полициските службеници го привеле Ѓ.Ш.(29) на улицата „Живко Брајковски“ во Гостивар по претходно издадена судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. ра/лв/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан