• недела, 22 декември 2024

Почина родилка во Куманово (ДПЛ)

Почина родилка во Куманово (ДПЛ)

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Во Општата болница Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа билница Куманово и Јавното обвинителство. 

Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата  починала 31 - годишна родилка од Куманово. 

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Се очекуваат  дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции. ам/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан