• сабота, 18 мај 2024

Маури убеден дека на лето Конте ќе го преземе Милан

Маури убеден дека на лето Конте ќе го преземе Милан

Рим, 14 април 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Лацио, Стефано Маури верува дека Антонио Конте наскоро ќе стане шеф на стручниот штаб на Милан.

- Конте ќе изгради нов тим во кој Леао нема да има место и ќе биде продаден. Леао треба да направи голем чекор за да стане вистински шампион и да одлучува секогаш, не само понекогаш. Нема стабилност, изјави Маури, за „pianetamilan.it“.

По 31 коло во Серија А, Милан е на 2. место со 68 бодови, 14 помалку од лидерот Интер.

Последната работа на Конте беше во Тотенхем. Тренерот го напушти лондонскиот клуб во март 2023 година. 

Претходно фудбалскиот стручњак ги предводеше Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус, италијанската репрезентација, Интер и Челзи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан