• четврток, 21 ноември 2024

Ла Лига бара Барселона и Атлетико да играат во Мајами

Ла Лига бара Барселона и Атлетико да играат во Мајами


Мадрид, 22 октомври 2024 (МИА) – Раководството на шпанската фудбалска лига побара од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) првенствениот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид во декември да се одигра во Мајами.
Тоа би било првпат натпревар од шпанската Ла Лига да се игра во САД, а конечната одлука ќе ја донесе ФИФА, објави денеска Би-би-си.
Натпреварот е закажан за 22 декември, пред зимската пауза во шпанското првенство.
Атлетико и Барселона ќе играат во јануари во шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.
Претседателот на шпанската лига Хавиер Тебас во неколку наврати изјави дека сака некои прволигашки натпревари да се играат во други земји.
Барселона планираше да игра со Џирона во Мајами во јануари 2019 година, но се повлече поради противењето на Шпанската фудбалска федерација и синдикатот на играчи. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан