Онана би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
- Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана би можел да се пресели во клуб од Саудиска Арабија во летниот преоден рок, објави денеска весникот „Сан“.

Ријад, 24 март 2025 (МИА) – Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана би можел да се пресели во клуб од Саудиска Арабија во летниот преоден рок, објави денеска весникот „Сан“.
Според истиот извор, 28-годишниот Камерунец е заинтересиран за промена на клупската средина бидејќи повеќе не сака да игра во Англија.
Онана е дел од Манчестер Јунајтед од летото 2023 година. Сезонава одигра 40 натпревари во сите натпреварувања.
Онана има договор со Манчестер јунајтед до лето 2028 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 32 милиони евра. ег
ФОТО: ЕПА