Хосни го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер
- Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за уште една сезона ја продолжи соработката со тунискиот репрезентативец Усама Хосни

Битола, 24 март 2025 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за уште една сезона ја продолжи соработката со тунискиот репрезентативец Усама Хосни.
„Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи“, соопшти попладнево Еурофарм Пелистер.
Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола.
Триесетидвегодишниот Хосни со Еурофарм Пелистер има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 голови. ег
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук