Заврши победничката серија на Русинката Андреева
- Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева загуби денеска во третото коло на ВТА Мастерс 1000 турнирот во Мајами, со што е ставен крај на нејзината долга победничка серија.

Мајами, 24 март 2025 (МИА) – Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева загуби денеска во третото коло на ВТА Мастерс 1000 турнирот во Мајами, со што е ставен крај на нејзината долга победничка серија.
Андреева загуби од Американката Аманда Анисимова со 7-6), 2-6, 6-3 во дуел кој траеше два часа и 50 минути.
За Андреева ова беше прв пораз по серијата од 13 победи.
Андреева пред овој пораз освои два ВТА турнири од серијата Мастерс 1000, триумфирајќи во Дубаи и Индијан Велс.
Андреева својата голема кариера ја најави минатата година кога играше во полуфиналето на Ролан Гарос. ег
ФОТО: ЕПА