Четврти пат сезонава Флик тренер на месецот во Ла Лига
- Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, е прогласен за најдобар тренер во Ла Лига во март.

Мадрид, 24 март 2025 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, е прогласен за најдобар тренер во Ла Лига во март.
Овој месец каталонскиот тим извојува две победи во шпанското првенство, откако ги совладаа Реал Сосиедад со 4-0 и Атлетико Мадрид со 4-2.
За 60-годишниот Тухел ова е четврто признание тренер на месецот сезонава во елитниот шпански фудбал.
По 27 натпревари, Барселона води во Ла Лига со 60 бодови. ег
ФОТО: ЕПА