• вторник, 25 март 2025

Слот најде замена за Александер – Арнолд во Фримпонг

Слот најде замена за Александер – Арнолд во Фримпонг

 

Ливерпул, 24 март 2025 (МИА) – Фудбалерот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, е прва опција на тренерот на Ливерпул, Арне Слот, како можна замена за Трент Александер-Арнолд, објави денеска белгискиот инсајдер Саша Таволиери.

Договорот на англискиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната и се очекува тој без обесштетување да направи трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид.

Холандскиот стратег Слот лично контактирал со својот сонародник Фримпонг и многу скоро се очекува средба на високо ниво меѓу шефовите на двата клуба. Еден од директорите на Ливерпул, Мајкл Едвардс има добра позиција во раководството на Баер Леверкузен, а тренерот на германскиот клуб Чаби Алонсо има статус на легенда во Ливерпул.

Фримпонг досега има 182 настапи во дресот на Баер Леверкузен на кои постигна 29 голови и додаде 40 асистенции. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан