Ширер: Ако сака да остане англиски селектор, Тухел мора да го освои СП
- Поранешниот англиски капитен Алан Ширер оцени денеска дека германскиот стратег Томас Тухел ќе остане на клупата на Англија само доколку ја освои титулата на Светското првенство идната година.

Лондон, 24 март 2025 (МИА) – Поранешниот англиски капитен Алан Ширер оцени денеска дека германскиот стратег Томас Тухел ќе остане на клупата на Англија само доколку ја освои титулата на Светското првенство идната година.
„Тухел потпиша договор на година и пол, а негова работа е да ја води репрезентацијата до титулата светски шампион. Само така може да остане на кормилото на репрезентацијата“, рече Ширер.
Пред три дена, Тухел дебитираше како селектор на Англија, со победата против Албанија на Вембли во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Англија ја победи Албанија со 2-0, а водечкиот гол го постигна 18-годишниот играч на Арсенал, Мајлс Луис-Скели, чиј повик во националниот тим беше големо изненадување.
По натпреварот, британските новинари го прашаа колку време ќе им биде потребно на играчите да се адаптираат на неговите идеи.
„Тоа не знам, но можам да ви кажам дека и кон самиот себе сум многу нетрпелив. Најважно е играчите да бидат отворени да се адаптираат и напорно да работат на репрезентативните собири, изјави Тухел. ег
ФОТО: ЕПА