• сабота, 18 мај 2024

Конте е на потесниот список на Баерн, но не и приоритет, Антонио би сакал да работи во Серија А

Конте е на потесниот список на Баерн, но не и приоритет, Антонио би сакал да работи во Серија А

Минхен, 24 февруари 2024 (МИА) – Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го прифаќа назначувањето на Антонио Конте на крајот од сезоната.

Според инсајдерот Матео Морето, италијанскиот тренер е на потесниот список на минхенскиот клуб, но не е меѓу приоритетните опции. Актуелниот германски шампион е насочен кон потписот на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.

Самиот Конте би сакал да ја продолжи кариерата во Италија и чека можност да води тим од Серија А, но сепак не исклучува преселба во Баерн.

Педесет и четиригодишникот е без ангажман откако го напушти Тотенхем во март 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан