• недела, 05 мај 2024

„Катимерини“: Бугарија упатила барање до Грција грчки воени авиони да го надгледуваат бугарскиот воздушен простор 

„Катимерини“: Бугарија упатила барање до Грција грчки воени авиони да го надгледуваат бугарскиот воздушен простор 

Атина, 8 јуни 2023 (МИА) – Бугарија, преку НАТО упатила барање до Грција за тримесечен надзор на бугарскиот воздушен простор од грчки воени авиони, како дел од соодветната мисија на алијансата (NATO Air Policing), пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, јави дописничката на МИА од Атина. 

Весникот објаснува дека се водат преговори, а барањето на Софија било дискутирано на дипломатско ниво, како и на Врховниот штаб на НАТО на сојузничките сили во Европа (SHAPE) и додава дека Бугарија располага со стари воени авиони од типот МИГ-29А, чии можности се ограничени.

-Овие дискусии всушност повторно ги разгоруваат сценаријата за можноста Бугарија да ѝ отстапи на Украина некои од воените авиони со кои располага. Овие дискусии, секако, се одвиваат на сосема различно ниво, пишува грчкиот весник.

„Катимерини“ потсетува дека грчкото военото воздухопловство заедно со Италија, веќе ги надгледуваат воздушните простори на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, каде што одговорноста е поделена на две седмици, односно 15 дена надзорот го има Грција, 15 дена Италија „во контекст на пошироката политика што ја следи НАТО“. ср/сд/

Остани поврзан