• недела, 12 мај 2024

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Москва, 5 мај 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа распиша потерница за командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук.

Министерството вчера распиша потерница и по претседателот на Украина, Володимир Зеленски и поранешниот претседател, Петро Порошенко.

По Пављук е распишана потерница поради „кривично дело“, но не е прецизирано за кое кривично дело, јавија руските медиуми.

На 11 февруари, Пављук беше назначен за командант на копнената армија, а пред тоа беше прв заменик - министер за одбрана на Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан