• четврток, 21 ноември 2024

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Вашингтон, 12 мај 2024 (МИА) - Истражување објавено во научното списание „Сајенс“ посочува дека депониите во САД испуштаат три пати повеќе метан отколку проценките на американската Агенција за заштита на околината (ЕПА), откритие што може да изврши големо влијание врз климатските промени и заедниците.

Метанот како гас има способност за многукратно загревање на атмосферата споредено со јаглеродниот диоксид.

Со авионско снимање на 20 отсто од околу 1.200  отворени депонии колку што вкупно има во САД, научниците откриле дека кај повеќе од половина се забележуваат значајни столбови од метан што понекогаш траат со месеци или години. Тоа значи дека на овие локации има заробено големи количини метан од слоевите закопан и разложен смет.

- Понекогаш може да се добие смет што останува по децении наталожување во депонијата. Ние тоа го нарекуваме „лазања од смет“, изјави Даниел Х. Касворт, научник за клима од Универзитетот Аризона.

Кога отпадоците од зеленчук и стара бела техника завршуваат под некоја депонија тие се разложуваат без кислород и ослободуваат метан. Во текот на 20 години ефектот на загревање на атмосферата од овој метан е шокантно 80 пати помоќен отколку јаглеродниот диоксид, според истражување на универзитетот Стенфорд.

За да се запре емитувањето на метан од депониите операторите треба да го запрат неговото протекување од овие „лазањи од смет“, ѓубре старо со децении. Многу депонии имат бунари и цевки за фаќање на протекувањата од метан, со што или го согоруваат или се користи за топлотна или електрична енергија.

За да се намалат овие испуштање на метан, експертите исто така препорачуваат и совесно ракување со органскиот смет, како компостирање, односно негово собирање и користење како ѓубриво. Но и со ограничување на акумулацијата на смет, односно со повторно употреба на старите предмети, нивно ставање во слична или друга функција или рециклирање. кб/

 

Остани поврзан