Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
- Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Републиак Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.
Во „Вила Водно“ таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот.
Од денеска почнува петгодишниот претседателски мандат на Гордана Сиљановска-Давкова, која е шести претседател и воедно прва претседателка од осамостојувањето на државата.
На Претседателските избори кои се одржаа на 24 април и 8 мај, таа освои 561 000 гласови.
Во говорот во Парламентот, кој рече дека им го посветува на жените за да ги инспирира дека е можно да се стане претседателка, 71-годишната универзитетска професорка по уставно право и политички систем истакна дека ќе се обиде да ја оправда довербата.
Нагласи дека ова ѝ е најголемата обврска во животот, покрај тоа што е и најубав подарок за нејзиниот роденден кој ѝ беше вчера. хс/цр
Фото: МИА