• недела, 12 мај 2024

Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија

Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија

Берлин, 5 мај 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди синоќа нападот во кој беше претепан европратеник од неговата германска Социјалдемократска партија и изрази загриженост дека ваквите акти на насилство се зголемуваат и „се закана“ за демократијата во земјата.

„Мораме јасно да ставиме до знаење дека никогаш не смееме да трпиме такви акти на насилство“, рече Шолц на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Берлин.

Тој предупреди дека „демократијата е загрозена од таквите постапки“.

На конгресот во Берлин, партијата објави во декларација дека гласачите може да сметаат на европските социјалисти дека ќе се спротивстават на крајната десница.

„Никогаш нема да соработуваме, ниту да коалицираме со екстремната десница“ – ова е цврстото ветување на гласачите што левичарските политички лидери денеска го дадоа во декларацијата што ја усвоија во германската престолнина. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан