• недела, 21 јули 2024

Голема воена вежба во Јордан, учествуваат 33 земји

Голема воена вежба во Јордан, учествуваат 33 земји

Аман, 12 мај 2024 (МИА) - Јордан денеска соопшти дека на негова територија од денеска почнува голема воена вежба на која ќе учествуваат копнени, поморски и воздушни сили на 33 земји, меѓу кои САД, Франција и Велика Британија.

На вежбата што ќе трае до 23 мај учествуваат и Германија, Италија, Шпанија и Канада, изјави полковникот Мустафа ал Хајари, портпарол на јорданските вооружени сили.

Ал Хајари нагласи дека вежбите немаат никаква врска со војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“ во Појасот Газа.

Силите кои ќе учествуваат на вежбата ќе се обучуваат за „справување со закани од терористички организации и закана од беспилотни летала и ракети од различен дострел“, истакна портпаролот на јорданската армија.

Тој не прецизираше колку војници учествуваат во маневрите, но посочи дека дека ова најголема вежба од 2011 година.

На вежбите учествуваат и Полска, Норвешка, Романија, Јапонија, Австралија, како и неколку арапски земји, меѓу кои и Египет, Саудиска Арабија, Ирак, Мароко и Либан.са/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан