• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор Фон дер Лајен - Бајден: „Партнери, пријатели и сојузници“

Телефонски разговор Фон дер Лајен - Бајден: „Партнери, пријатели и сојузници“

Брисел, 21 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Х“ напиша дека ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици во Европа, Блискиот Исток и Индо-пацифичкиот регион.

Таа изјави дека Брисел и Вашингтон се „партнери, пријатели и сојузници“.

Белата куќа и честиташе на Фон дер Лајен за нејзиниот нов петгодишен мандат на чело на Европската комисија. мс/

фото: ЕПА/„Х“

Остани поврзан