• сабота, 21 декември 2024

Тројца мажи загинаа во престрелка во Филаделфија, шест лица се повредени

Тројца мажи загинаа во престрелка во Филаделфија, шест лица се повредени

Филаделфија, 21 јули 2024 (МИА) - Најмалку тројца мажи се убиени, а шест лица се ранети во пукање на митинг во западниот дел на Филаделфија, соопштија денеска официјални лица.

Полицијата соопшти дека повеќе од 100 луѓе биле присутни во населбата Керол Парк кога пукањето се случило нешто по 2 часот по полноќ, пренесоа американските медиуми. Полицијата соопшти дека нивните прелиминарни информации укажуваат на „размена на оган меѓу повеќе страни“ и дека биле пронајдени чаури од различен калибар.

Еден маж (33) е прогласен за мртов на местото на настанот, а други двајца мажи, на возраст од 23 и 29 години, починале во медицинскиот центар Пен Пресвитеријан, се вели во соопштението на полицијата. Жена (26) и пет мажи на возраст меѓу 27 и 30 години се повредени и се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Инспекторот Д.Ф. Пејс им кажа на новинарите дека на местото на настанот биле пронајдени најмалку 25 до 30 потрошени чаури. Тој рече дека мажот, кој бил прогласен за мртов на местото на настанот, бил застрелан од непосредна близина. Засега никој не е уапсен. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан