• сабота, 27 јули 2024

Градот Форт Ворт во иднина ќе го слави Денот на независноста на Косово

Градот Форт Ворт во иднина ќе го слави Денот на независноста на Косово

Приштина, 12 мај 2024 (МИА) – На претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска во градот Форт Ворт во Тексас, каде што веќе неколку дена престојува во официјална посета, ѝ е врачена одлуката со која во тој град во иднина свечено ќе се одбележува Денот на независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти преку официјалната страница на Фејсбук кабинетот на Османи, таа во Форт Ворт се сретнала со тамошната заменичка-градоначалник, при што е одржана церемонија по повод одлуката за прослава на Денот на косовската независност.

„Претседателката Османи на организирана церемонија ја прими одлуката на градот Форт Ворт со кој се чествува и слави 17 февруари - Денот на независноста на Косово“, се вели во објавата од кабинетот на косовската престседсателка.

Во одлуката врачена на Османи се наведува дека градот Форт Ворт „ќе им се придружи на Албанците-Американци кои живеат таму за да го слават Денот на независноста на Косово“.иа/

Фотто: ФБ

Остани поврзан