• петок, 22 ноември 2024

Јапонија и Индија го отфрлија тврдењето на Бајден дека нивните земји се ксенофобични

Јапонија и Индија го отфрлија тврдењето на Бајден дека нивните земји се ксенофобични

Токио, 5 мај 2024 (МИА) - Јапонија и Индија синоќа го отфрлија тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден, кој ги нарече „ксенофобични“ земји, бидејќи не прифаќаат имигранти.

Бајден ова го соопшти за време на неговата турнеја за собирање средства за претстојната претседателска кампања.

Јапонија рече дека проценката на Бајден не се заснова на точното разбирање на политиката на земјата, додека Индија го отфрли неговиот коментар со тврдење дека е најотворено општество во светот.

Бајден ги класифицира Јапонија и Индија како ксенофобични земји, заедно со Русија и Кина, обидувајќи се да ги објасни тешкотиите на нивните економии и да ги спореди со силата на САД како нација на имигранти. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан