• петок, 15 ноември 2024

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција

Париз, 5 мај 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во посета на Франција, при што францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да се договори со него за намалување на трговскиот дисбаланс и да влијае врз него да го искористи своето влијание врз Русија во врска со војната во Украина.

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Франција ја поддржува истрагата на Европската унија за извозот на електрични возила од Кина, а во јануари Пекинг почна истрага за увоз на бренди, кој главно се произведува во Франција, што се смета за контрамерка на зголемениот број европски истраги. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан