• сабота, 18 мај 2024

Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан

Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан

Милано, 10 април 2023 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.

 

Според Романо, новиот договор на 36-годишниот Французин ќе биде со важност до летото 2024 година. Во јануари оваа година Евертон сакаше да го купи фудбалерот.

 

Жиру е во Милан од летото 2021 година. Оваа сезона одигра 36 настапи за Милан, постигнувајќи 12 гола и шест асистенции.

 

По 29 кола во Серија А, Милан е на четвртото место во поредокот со 52 бода. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан