• сабота, 18 мај 2024

Два клуба од Премиер лигата подготвени да го купат Санчо

Два клуба од Премиер лигата подготвени да го купат Санчо

Лондон, 27 септември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо може да ја продолжи кариерата во друг англиски клуб.

 

Според инсајдерот Екрем Конур, за играчот се заинтересирани Астон Вила и Кристал Палас. Трансферот на Санчо во некој од овие клубови би можел да биде финализиран во јануари.

 

На 14 септември, Манчестер јунајтед објави суспензија на Санчо од тренинзите со главниот тим по конфликтот со тренерот Тен Хаг. Беше објавено дека тренерот е подготвен да го врати играчот во базата само доколку Санчо му се извини нему и на тимот.

 

Здружението на професионални фудбалери (ПФА) е подготвено да пружи помош за решавање на несогласувањата меѓу играчот и тренерот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан