• вторник, 14 мај 2024

Владејачката коалиција во Израел навести забавување на спроведувањето на судските реформи

Владејачката коалиција во Израел навести забавување на спроведувањето на судските реформи

Тел Авив, 20 март 2023 (МИА) - Израелската владејачка коалиција денеска понуди делумно одложување на спроведувањето на контроверзниот план за реформирање на правосудниот систем под притисок на масовните улични протести и меѓународната критика, вклучително и апелот од американскиот претседател Џо Бајден.

По денешната владина седница, коалиционите лидери изразија подготвеност да ја омекнат реформата со зголемување на бројот на членовите на комисијата што ќе избира судии, со што ќе се овозможи опозицијата и другите членови да имаат поголем удел во изборот.

Сепак, тие не се откажаа од планот до почетокот на април да се усвои предлог-закон кој ќе и овозможи на владата повеќе да го контролира изборот на судии од Врховниот суд.

Лидерите на опозицијата и на протестното движење веднаш ја отфрлија понудата на коалицијата и ги обвинија ултрадесничарите дека го нарушуваат балансот на силите.

Поранешниот премиер на Израел, сега лидер на опозицијата, Јаир Лапид изјави дека нема да има комисија за избор на судии, туку комисија за „именување партнери“ и дека тоа било планирано од првиот ден, според за израелските медиуми. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан