• недела, 22 декември 2024

Конвојот на ОН нападнат во Газа бил јасно обележан

Конвојот на ОН нападнат во Газа бил јасно обележан

Њујорк, 13 мај 2024 (МИА) – Обединетите нации денеска соопштија дека конвојот на светската организација што беше нападнат во градот Рафа на југот на Појасот Газа, при што беше убиен еден вработен странец, припадник на обезбедувањето, а друг полесно повреден, бил јасно обележан.

Заменик портпаролот на ОН Фархан Кан изјави дека убиениот во нападот утринава е првиот странец од организацијата кој загинал од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година.

Во војната досега загинаа околу 190 вработени на ОН, сите Палестинци кои главно работат за палестинската агенција за бегалци УНРВА, рече Хак.

Тој додаде дека сите вработени, чија националност не ја откри, биле во возило означено со ОН во конвојот кој бил погоден додека се движел кон Европската болница во Рафа.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага, рече портпаролот.

Шефот на ОН изјави дека не само многу цивили, туку и хуманитарни работници загинале во седуммесечната војна и го повтори апелот за итен хуманитарен прекин на огнот и ослободување на сите заложници киднапирани од Хамас. јт/

 

 

Остани поврзан