• недела, 22 декември 2024

Зеленски разреши висок функционер во разузнавачката служба на Украина

Зеленски разреши висок функционер во разузнавачката служба на Украина

Киев, 13 мај 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши Андриј Алексејенко, првиот заменик-шеф на Службата за надворешно разузнавање на Украина, а за негов заменик го назначи Олег Луговски.

„Со указ бр. 319/2024, претседателот го разреши Андриј Алексејенко, првиот заменик-шеф на Надворешната разузнавачка служба на Украина“, објавено е на веб-страницата на претседателот на Украина.

Андриј Алексејенко беше прв заменик-шеф на Службата за надворешно разузнавање од 27 ноември 2017 година. јт/

Остани поврзан