• недела, 22 декември 2024

Потсекретарката на Стејт департментот Елизабет М. Ален доаѓа во Западен Балкан

Потсекретарката на Стејт департментот Елизабет М. Ален доаѓа во Западен Балкан

Вашингтон, 13 мај 2024 (МИА) – Потсекретарката на Стејт департментот за јавна дипломатија Елизабет М. Ален ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Република Северна Македонија за време на нејзината осумдневна посета на Западен Балкан.

„Посетата, која ќе трае од 12 до 20 мај, е со цел да ги продлабочиме партнерствата со земјите од Западен Балкан и да ги унапредиме нашите заеднички цели за регионална соработка и европска интеграција. Потсекретарката Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности што ги споделуваме со луѓето од Западен Балкан и важноста да работиме заедно за да ги заштитиме слободните и отворени општества од злонамерни влијанија“, се вели во соопштението.

Турнејата на Ален ќе почне во Сараево, потоа следуваат Белград и Приштина, и ќе заврши во Скопје.

Потсекретарката на Стејт департментот за Скопје ќе се сретне со експерти за странско злонамерно влијание, стои во соопштението.

„Во однос на културната различност и богатото наследство на Северна Македонија, потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде што поддршката на американската влада преку Фондот на амбасадорите за зачувување на културата помага да се зачува еден од највредните археолошки локалитети во Северна Македонија. Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за понатамошно проширување на економскиот развој, туризмот и врските меѓу луѓето“ информира Стејт департментот. јт/

Остани поврзан