• сабота, 18 мај 2024

Велешани масовно го прославуваат празникот Источен петок Балаклија

Велешани масовно го прославуваат празникот Источен петок Балаклија

Велес 10 мај 2024 (МИА) - Источен петок Балаклија  е денот што духовно го обединува Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитрија“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола". Празникот започнува секој прв четврток по Велигден и продолжува во петок со богослужби и масовна посета од велешани на манастирот и палење свеќи за здравје.

Во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, во предвечерјето на празникот митрополитот Повардарски Агатангел синоќа отслужи вечерна богослужба, а  утрово и света божествена литургија.

Манастирот „Св. Димитрија“ за време на турското владеење на овие простори бил затрупан со земја цели пет века, за да биде повторно откриен во 1855 година, откако на воденичарот Петре Здравев му се јавил светецот.

Со финансиска помош на градските големци манастирот бил откопан, а бил зографисан од познатиот зограф Хаџи Косте Крстев. ад/са/

Фото: МИА

Остани поврзан