• сабота, 18 мај 2024

Британската економија оствари раст за 0,6 oтсто во првиот квартал од годинава и излезе од рецесија

Британската економија оствари раст за 0,6 oтсто во првиот квартал од годинава и излезе од рецесија

Лондон, 10 мај 2024 (МИА) - Економијата во Велика Британија, според прелиминарните проценки, оствари раст за 0,6 отсто квартално во првиот квартал од 2024 година и излезе од техничката рецесија, објави денеска Британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Кварталниот раст во британскиот услужен сектор е 0,7 отсто, во преработувачкиот сектор 0,8 отсто, додека градежништвото падна за 0,9 отсто, пренесува „Гардијан“.

На годишно ниво, британската економија оствари раст за 0,2 отсто во однос на истиот квартал од 2023 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан