Без вода дел од општина Бутел
- Без вода денеска од 11:40 часот се дел од корисниците од општина Бутел, лоцирани на улицата „Иван Манолев“.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Без вода денеска од 11:40 часот се дел од корисниците од општина Бутел, лоцирани на улицата „Иван Манолев“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улица „Иван Манолев“ 155 а.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/дма/
Фото: МИА архива