• четврток, 26 март 2026

Во Крива Паланка работилница "Руралната средина ризница на читачката култура"

Во Крива Паланка работилница

Крива Паланка, 2 јуни 2025 (МИА) - Читање, илустрирање, книжевна и јазична едукација низ интерпретација со толкување текстови и песни, беа дел од бројните активности на денешната работилница насловена "Руралната средина ризница на читачка култура".

Работилницата е дел од годишната програма за работа на библиотеката "Кочо Рацин" при Националната установа Центар за култура Крива Паланка, поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Работилницата се одржа под менторство на професорката и авторка, библиотекар, Маја Трајковиќ од Скопје и книжевникот и поетеса, Ирена Белешковска.

-Целта на работата на нашата установа е да ја доближи литературата и културата до сите, така што редовно програмските содржини ги дисперзираме и организираме, покрај во Центарот за култура, и во останатите делови од општината, во соработка со останатите институции, а во случајот во соработка со основното училиште "Св.Јоаким Крчовски", овозможивме достапност на литературата до дечињата од руралните средини, рече Сашко Додевски, директор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

На работилницата учествуваа петнаесетина ученици од подрачното училиште во селото Жидилово, од прво до деветто одделение, кои работеа фокусирано читање со илустрација на аудитивно восприемена поезија, толкување на поговорки и мудри изреки, ономатопеја и сл.

Кон крајот на месец мај НУЦК Крива Паланка во соработка со ООУ Илинден ПУ во село Мождивњак го реализираше проектот од областа на библиотечната дејност - “Ментална гимнастика“ - читаме и пишуваме, работилница под менторство на Елеонора Николовска. ид/сст/


Фото МИА 

 

 

Остани поврзан