Општина Битола и Институтот за културно наследство потпишаа меморандум за соработка
- Меморандумот е потпишан на денешната средба на градоначалникот Тони Коњановски со делегација на Американско-македонски археолошко-истражувачки тим, предводен од професорот Николас Ангелоф од Кал Поли Хамболт Универзитетот од Калифорнија, професор д-р Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Славчо Кирковски од Институтот за културно наследство и археологија.
Битола, 2 јуни 2025 (МИА) - Општина Битола и Институтот за културно наследство потпишаа меморандум за соработка со кој се овозможува развој на културниот туризам во градот.
Меморандумот е потпишан на денешната средба на градоначалникот Тони Коњановски со делегација на Американско-македонски археолошко-истражувачки тим, предводен од професорот Николас Ангелоф од Кал Поли Хамболт Универзитетот од Калифорнија, професор д-р Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Славчо Кирковски од Институтот за културно наследство и археологија.
Со потпишаниот меморандум се создаваат услови за соработка и промоцијата на археолошкиот и културниот туризам во пелагонискиот регион, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола по денешната средба на градоначалниот Коњановски и членовите на Американско-македонскиот археолошко-истражувачки тим кои разговарале и за развојот на активностите и истражувањата на археолошкиот локалитет Градиште Црнобуки. мр/цр
Фото: Општина Битола