Средба на градоначалникот на Илинден со заменик министерката за европски прашања Трајков
- Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска остварил работна средба со заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР), Илија Стоилев.
Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска остварил работна средба со заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР), Илија Стоилев.

Како што информираат од прес-службата на Општина Илинден, на средбата е разговарано за поддршката на европските фондови, преку ИПАРД програмите, капацитетите и потребите на општината за поголемо искористување на тие средствата а со цел поголема реализација на проекти од интерес на граѓаните.
Градоначалникот Георгиевски истакнал дека Општина Илинден секогаш се труди да овозможи услови за поголема помош и поддршка на граѓаните и бизнис секторот. Тој посочил дека институционалниот капацитет на општините е секогаш пресуден за успех и реализација на повеќе проекти.фф/дма/
Фото: Општина Илинден