Асфалтирање со втор слој асфалт на улица „8“ во населба Илинден
- СООПШТЕНИЕ - Со поставување на вториот асфалтен слој на улица „8“ во должина од 500 и широчина од 6 метри се комплетираше реконструкцијата на една од главните сообраќајници во населба Илинден.
Скопје, 2 јуни 2025
Со поставување на вториот асфалтен слој на улица „8“ во должина од 500 и широчина од 6 метри се комплетираше реконструкцијата на една од главните сообраќајници во населба Илинден. Со активностите беше опфатено асфалтирање во два слоја на улицата, изградба на нов тротоар во должина од 550 метри и широчина од 1,5 метри, изградба на атмосферска канализација за зафаќање и одведување на водите од коловозот на улицата како и изградба на делови од фекална канализација за зафаќање и одведување на фекалните води од домаќинствата во главниот колекторски систем.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на асфалтирањето и истакна дека реализацијата на втората фаза од овој проект е со финансиски средства од буџетот на Општина Илинден и заедно со претходно реализираниот дел за реконструкција на улица „8“ во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска банка севкупно се изврши реконструкција на улицата во должина од 1000 метри со нов тротоар од 850 метри и реконструкција на постоечки тротоар во должина од 250 метри.
Оваа улица е главна сообраќајна артерија која ги поврзува Здравствениот дом и повеќе стопански субјекти на територија на Општина Илинден.
Општина Илинден - Одделение за поддршка на Градоначалникот
Фото: Општина Илинден

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.