• сабота, 20 јули 2024

Барселона до април ќе одлучи кој ќе го замени Чави

Барселона до април ќе одлучи кој ќе го замени Чави

Барселона, 28 февруари 2024 (МИА) - Раководството на Барселона продолжува да бара кој ќе го замени Чави како главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Според „Diario Sport“, претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко очекуваат да одлучат за нов тренер до април.

Во потесниот круг на тимот моментално е Италијанецот Роберто Де Зерби, сега на чело на Брајтон, како и тројца германски тренери - Ханс-Дитер Флик, Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

Барселона по 26 кола во шпанското првенство е на третото место во поредокот со 57 бодови. 

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Барселона  ремизираа на гостувањето кај Наполи (1:1). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан