• петок, 05 декември 2025

Реал Мадрид ќе го „чека“ дефанзивецот на Ливерпул

Реал Мадрид ќе го „чека“ дефанзивецот на Ливерпул

Мадрид, 14.август 2025 (МИА) - Со доаѓањето на Џовани Леони и потенцијалното засилување Марк Геи од Кристал Палас, Ливерпул ја зголемува конкуренцијата во одбраната. Овој потег значи неизвесност за првотимскиот статус на Французинот Ибрахим Конате, кому договорот со „црвените“ му истекува следното лето. 

Желба за трансфер на Конате имаат „кралскиот клуб“, како и европскиот првак ПСЖ. Ливерпул се очекува на играчот да му понуди нов договор.

Управата на Реал Мадрид засега планира да чека до истекот на договорот и следната сезона да го земе како слободен играч. Вредноста на францускиот репрезентативец се проценува на околу 60 милиони евра.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан