Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед остана без клуб
- Екс играчот на Манчестер Јунајтед и досегашен член на Олимпик Лион Немања Матиќ спогодбено го раскина договорот со клубот, кој имаше важност уште една сезона
Лион, 14.август 2025 (МИА) - Екс играчот на Манчестер Јунајтед и досегашен член на Олимпик Лион Немања Матиќ спогодбено го раскина договорот со клубот, кој имаше важност уште една сезона. Веста за прекинувањето на соработката беше изненадување за сите бидејќи за негово заминување воопшто не се зборуваше изминатиов период.
Се беше направено далеку од очите на јавноста, а францускиот клуб веста ја објави на социјалните мрежи со благодарност до Матиќ за периодот минат во ниваниот клуб.
Матиќ во Олимпик Лион стигна како големо засилување, а ваквиот начин на заминување претставува изненадување во фудбалскиот свет. мн/
Фото: ЕПА