• вторник, 24 декември 2024

Шефот на Шефилд Јунајтед казнет со 11.500 фунти поради критикување на судиите

Шефот на Шефилд Јунајтед казнет со 11.500 фунти поради критикување на судиите

Лондон, 20 февруари 2024 (МИА) - Менаџерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер е казнет со 11.500 фунти поради забелешката што ја упати кон судиите при поразот на неговиот тим од Кристал Палас минатиот месец.

Вајлдер беше вознемирен од арбитражата за време на поразот од 2-3, а во коментарите по натпреварот рече дека судиите донеле одлуки против неговиот тим.

Вајлдер беше казнет според правилото за „неспортско однесување кое го напаѓа интегритетот на судиите“.

Менаџерот ги загуби нервите кога голманот на неговиот тим Иво Гурбиќ го напушти теренот со повреда по судирот со Жан-Филип Матета од Палас, кој не доби жолт картон.

-Тоа беше уште една смешна одлука на судиите. Искрено ми беше кажано дека секоја одлука ќе биде против нас, секоја контроверзна ситуација ќе биде за противникот, изјави менаџерот на својата прес-конференција по поразот.дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан