Ван Нистелрој за поразот од Брентфорд: Тоа е огромен чекор назад
- Тренерот на Лестер сити, Руд ван Нистелрој го прокоментира поразот од Брентфорд синоќа 0:4 во 26. коло од англискиот фудбалски шампионат.

Лестер, 22 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Лестер сити, Руд ван Нистелрој го прокоментира поразот од Брентфорд синоќа 0:4 во 26. коло од англискиот фудбалски шампионат.
- Мораме да признаеме дека ова е огромен чекор наназад. Имаше надеж по неодамнешните натпревари, стартот на натпреварот против Брентфорд беше охрабрувачки... По блескавиот старт паднавме во игра и на полувремето натпреварот беше завршен. Генерално, целокупното ниво и разликата помеѓу нивото на Брентфорд и нас беше голема. Тие покажаа дека сега се многу чекори пред нас, изјави Ван Нистелрој за „Sky Sports“.
Брентфорд има 37 бодови и е на 10. место на првенствената табела. Лестер е на претпоследното место со 17 бодови.
Лестер со Ипсвич (17 бода) и Вулкверхемптон (19 бода) ќе се бори за опстанок во Премиер лигата. зс/
Фото: ЕПА