Медиуми: Гвардиола има намера да го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната
- Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола има намера да го напушти клубот на крајот на оваа сезона.

Мадрид, 22 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола има намера да го напушти клубот на крајот на оваа сезона.
Според новинарот на „Footmercato“ Хосеп Педрерол, шпанскиот стручњак планирал минатото лето да го напушти Сити и да ја преземе селекторската функција во Англија, но на оваа позиција бил поставен Томас Тухел. Гвардиола потоа реши да остане на кормилото на англискиот клуб, бидејќи повеќе немаше други опции за продолжување на кариерата.
Сепак, се забележува дека Гвардиола не ги променил плановите и сака да го напушти клубот од Манчестер.
Во последниот натпревар Манчестер сити загуби од Реал Мадрид во реваншот од плејофот од Лигата на шампионите (1:3) и беше елиминиран од турнирот.
По 25 натпревари, „Граѓаните“ го заземаат четвртото место во поредокот во Премиер лигата со 44 бодови. зс/
Фото: ЕПА