• сабота, 22 февруари 2025

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Стоунс долго време надвор од теренот

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Стоунс долго време надвор од теренот

Манчестер, 22 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за повредата што ја доби дефанзивецот Џон Стоунс во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1:3).

- Стоунс е повреден, тешко. Ќе знаеме во наредните денови дали му треба операција или не... Да, тоа е долг период на отсуство, исто како Ману Аканџи, го цитира Гвардиола ESPN.

30-годишниот Англичанец оваа сезона настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и забележа две асистенции.

Неизвесен за утрешното дерби со Ливерпул е и напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан