Алонсо задоволен од зголемувањето на задолжителните застанувања во бокс на ГН на Монако
- Возачот на Астон Мартин и двократен шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, ја коментираше информацијата за зголемување на бројот на задолжителни застанувања во бокс на трката за Големата награда на Монако.

Лондон, 22 февруари 2025 (МИА) - Возачот на Астон Мартин и двократен шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, ја коментираше информацијата за зголемување на бројот на задолжителни застанувања во бокс на трката за Големата награда на Монако.
- Зависи од каде ќе почнете. Ако започнете како втор или трет, еден или два две пит-стопа ќе бидат доволни. Ако започнете последен, ќе сакате 10-12 задолжителни пит-стопа. Два пати - ми се допаѓа, тоа е добра опција за задолжителни пит-стопа, рече Фернандо Алонсо на прес-конференцијата.
Претходно, Комисијата на ФИА предложи зголемување на бројот на задолжителни застанувања во бокс на Големата награда на Монако на две застанувања со цел да се зголеми спектаклот на трките и интересот за нив.
Големата награда на Монако е закажана да се одржи од 23 до 25 мај 2025 година. зс/
Фото: ЕПА