Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во Кина
- Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во централната кинеска провинција Хунан, соопштија денеска властите.
Пекинг, 6 април 2024 (МИА) - Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во централната кинеска провинција Хунан, соопштија денеска властите.
Несреќата се случила во петокот вечерта, а спасувачката операција завршила околу два часа по полноќ по локално време, објави новинската агенција Ксинхуа.
Истрагата за причините за несреќата е во тек. паг/
Фото: МИА архива