• недела, 15 декември 2024

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина и почеток на преговори со Русија

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина и почеток на преговори со Русија

Вашингтон, 8 декември 2024 (МИА) - Украина изрази желба за постигнување мировен договор со Русија, изјави новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, по состанокот со Володимир Зеленски во Париз.

На својата платформа „Трут Сошл“, Трамп повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Москва и Киев.

„Русија го изгуби интересот за Сирија поради Украина, каде што речиси 600.000 руски војници се ранети или загинати во војна што никогаш не требаше да почне, а може да трае бесконечно,“ напиша Трамп.

„Слично на тоа, Зеленски и Украина сакаат договор за да го запрат лудилото. Тие загубија 400.000 војници и многу повеќе цивили. Мора веднаш да се воспостави прекин на огнот и да започнат преговори,“ додаде Трамп, предупредувајќи дека доколку конфликтот не се реши, „може да прерасне во нешто многу поголемо и многу полошо“. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан