• понеделник, 16 декември 2024

Снег го завеа Иран, спасувачките служби им пружиле помош на повеќе од 3.000 луѓе во опасност

Снег го завеа Иран, спасувачките служби им пружиле помош на повеќе од 3.000 луѓе во опасност

Техеран, 15 декември 2024 (МИА) – Снежно невреме погоди најмалку 15 провинции во Иран, а иранската Црвена полумесечина (ИРЦС) им пружи помош на повеќе од 3.000 луѓе ширум земјата во последните 24 часа, изјави Бабак Махмуди, претставник на оваа организација.

Махмуди, шеф на одделот за помош и спасување во ИРЦС, потврди денеска дека вкупно 85 тимови им пружиле помош на 3.407 лица во тешки временски услови, јави државната новинска агенција ИРНА.

- Вкупно 85 екипи за помош, составени од 326 спасувачи, им помогнаа на луѓето во тешки временски услови за време на невремето. Екипите за помош итно обезбедија 254 засолништа, рече Махмуди. јт/

Фото: ЕПА архива

 

Остани поврзан